| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка во Битола – повреден моторџија

Вечерва околу 20:00 часот во близина на Шик Лавци поради засега неутврдени причини дошло до судир помеѓу автомобил и мотор. Повредениот моторџија со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Клиничкиот центар Битола и хоспитализиран, објави „Орбис“.

Сеуште нема информации за повредите на моторџијата, а во автомобилот нема повредени лица. Полицијата извршила увид, а повеќе информации во текот на утрешниот ден.

фото: „Орбис“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top