Авионот на „Американ ерлајнс“ на летот од Феникс за Бостон, итно, во понеделникот наутро слетал во Сиракуза во Сојузната држава Њујорк, откако среде летот пилотот починал. „Ербас а320“ превезувал 147 патници и пет членови на екипажот, а бил успешно спуштен од копилотот.
На снимките од комуникацијата со контролата на летање може да се слушне како некој вели дека „пилотот е онеспособен и не дише.“
-Многу сме потресени поради трагедијата и фокусирани сме на грижата за неговото семејство и колегите, порачаа од „Американ ерлајнс“.
„Еј-би-си њус“ пишува дека една од стјуардесите, по занимање медицинска сестра, се обидела да му помогне на пилотот, но не можела да го спаси. Засега нема информации за тоа што е причината за смртта.
По патниците во Сиракуза дошол нов екипаж и ги превезле до Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.