Сигурно ги знаете стандардните трикови како да останете безбедни кога пиете алкохол: јадете пред да почнете да пиете, одете пешки и секогаш враќајте се дома со такси. Но, стручњаците утврдиле дека и покрај ова можеби правите уште една сериозно грешка – ги комбинирате лековите и алкохолот.
Речиси половина консументи на алкохол земаат и таблети
Новите истражувања утврдиле дека околу 42 отсто лица кои консумираат алкохол земаат некои таблети. Најчесто тоа се: таблетите за притисок, таблетите за спиење, наркотиците, таблетите за опуштање на мускулите, антидепресивите и антипсихотиците.
Секој од наведените лекови со алкохол активира некој несакан ефект
На пример, таблетите против болки во комбинација со алкохол предизвикуваат сонливост, го намалуваат нивото на концентрација и ги забавуваат рефлексите. Комбинацијата на алкохол и овие таблети може да доведе до забавена циркулацијата на крвта во мозокот, што може да има дури и смртен исход.
Го интензивираат дејството на лекот
Алкохолот може и да ја интензивира концентрацијата на некој посебен лек – како што е лекот за разредување на крвта, што доведува до ризик од внатрешно крвавење. Може да се случи мешањето на овие две работи да доведе до оштетување на бубрезите, црниот дроб или на стомачните проблеми.
Како безбедно да се напиете алкохол, ако земате лекови?
Не постои универзално време кое важи исто за секој лек (односно по земањето на секој лек), тоа исто така зависи и од тоа колку алкохолни пијалаци консумирате и колку долго лекот се задржува во крвотокот. На црниот дроб му се потребни околу 90 минути да разгради еден алкохолен пијалак. Значи, ако испиете 3 чаши вино околу 19 часот, а во 21 часот земете таблета за спиење, можете мошне да го интензивирате нејзиното дејство. А, тоа секако не е добро за вас. Лицата кои ги мешаат таблетите за спиење и алкохолот можат да направат мошне застрашувачка работа во сонот, на пример, можат да одат, јадат, па дури и да возат автомобил.
Меѓутоа, ако една вечер пиете алкохол, а навечер, следниот ден земете таблета за спиење, би требало да немате поголеми последици. Сепак, ниту со овој факт нема секој лекар да се согласи.
На одредени таблети за спиење им е потребно повеќе од еден ден да го напуштат нашиот систем, значи, би требало да поминат повеќе од 24 часа откако го консумирале лекот по алкохолот и обратно.
За да бидете сосема сигурни кога и дали можете да се напиете алкохолен пијалак во комбинација со лекот прашајте го лекарот кој истиот тој лек ви го препишал. Тој има увид во вашата физичка состојба. Така најдобро ќе дознаете и кои последици можат да се појават ако не ги почитувате овие совети.
Значи, нема мамење – последиците можат да бидат фатални. Дури и ако мора да пиете само вода во своето омилено кафуле со своето друштво, ова е ситуација во која нема компромис!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.