Руските власти негираат дека во воздушните напади на исламистите во Сирија, кои започнале пред шест дена, имаат економски интереси, но еден интересен текст кој ја опфаќа таа тема се појавил точно една седмица пред Владимир Путин, претседателот на Русија, да нареди почеток на воените операции на повик на сириските власти.
Павел Бајев, професор на Институтот за истражување на мир во Осло, и поранешен советски академик, за Wallstret Journal рекол дека “за Русија падот на цената на нафтата претставува директна закана по националната безбедност”.
“Единственото нешто што може да ја крене цената на нафтата е развој на судирите на Блискиот исток. Затоа од фундаментален интерес на Русија е регионот да остане нестабилен”, навел Бајев.
Дмитриј Медведев, рускиот премиер, го нарекол “теорија на заговор” тврдењето дека Русија со своето делување го штити пазарот за продажба на оружје, како и тоа дека се бори против настојувањето на Катар, гасоводот од таа држава да дојде до Средоземното море и да го замени снабдувањето на Европа со руски гас.
Медведев нагласил дека Русија “нема глобални економски интереси во Сирија”.
“Точно, ги снабдуваме со оружје, но тоа не е фасцинантна сума на пари, тоа може да бидат стотина милиони долари, но нам севкупното портфолио ни изнесува 15 милијарди. Тоа значи, со други зборови, дека немаме никакви супер економски интереси таму”, навел Медведев.
Медведев порачал дека издвојувањата за вооружените сили на Сирија се оправдани и неопходни, и дека Русија има за цел да ги заштити Русите од тероризам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.