| четврток, 6 декември 2018 |

Трагичната судбина на оваа жена била инспирација Дино Мерлин да ја испее најтажната песна

Имала семејство, сопруг кој ја обожава, деца, невидена убавина, а потоа ја добила злокобната вест. Емка Хусеинбеговиќ била сопруга на познатиот босански пејач, Елдин Хусеинбеговиќ. Биле убав и среќен пар, меѓутоа, Емка се разболела од мултиплекс-склероза. Иако некои успеваат со оваа болест да доживеат длабока старост, Емка не успеала долго да ја држи болеста под контрола. Прво почнале да и откажуваат моторните функции и завршила во инвалидска количка, а потоа и ослепела.

Љубовта и посветеноста кон сопругата му беа мотив на популарниот кантавтор да напише неколку од најубавите свои песни. Едната од нив, „Да шутиш“, ја отпеа со Дино Мерлин. Во таа пригода, Елдин кажа:

-На личноста што најмногу ја сакам не можев да ѝ подарам чевли, бидејќи таа не оди. Ни книга, бидејќи не гледа, па дојдов на идеја на сопругата Емка да ѝ подарам албум. Мојата жена е слепа и во количка е. Кога би можел да го вратам времето и кога би знаел дека ќе ослепи и ќе биде во количка, повторно би ја оженил.

Во април 2013 година, по неколкугодишна борба со оваа тешка болест, Емка почина.

Три месеци по нејзината смрт Елдин повторно се ожени, со Сезан подоцна добил и ќеркичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top