| четврток, 6 декември 2018 |

Инцидент на концертот на Дино Мерлин, повреден тапанарот

Долго очекуваниот концерт на пејачот во Сански Мост е прекинат по еден час откако тој ѝ се обратил на публиката и побарал да го напуштат стадионот поради големото невреме.

„Си одиме дома. За жал, ова е невозможно. Ви благодарам. Ако даде Бог, ќе има наредна пригода и ќе имаме повеќе среќа. Ова е опасно по живот“, кажал Дино Мерлин додека во заднина свирела песната „Хајде ночас ми доџи“.

Но, 15 минути откако концертот бил прекинат, покривот на сцената се урнал и повреден е тапанарот Амар Чешијар, кој во тој момент бил на сцената. Тапанарот бил однесен во болница каде што му била констатирана повреда на ногата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top