| четврток, 6 декември 2018 |

Треска за мечот Албанија – Србија, билет на црно по цена од 500 евра

slika

Вистинска треска владее за мечот меѓу Албанија и Србија, а на црно билетите чинат и по 500 евра. Дуелот се игра во Елбасан, в четврток, на 8 октомври и значи многу повеќе од обичен фудбалски квалификациски меч.

Албанија со победа има големи шанси директно да патува на ЕП и тоа за првпат во историјата, а за Србија натпреварот нема резултатско значење, но значи многу за престиж.

На првиот меч имаше невидени инциденти во фудбалската историја на квалификациските дуели, се појави беспилотно летало на стадионот „ЈНА“, раководено од Албанци и со знамето на Голема Албанија, па имаше и нереди. Тој меч кулминираше со прекин, а службено го доби Албанија. Патем, Србите беа казнети со минус од три бода и немаат шанса за пласман на ЕП во Франција в година.

Албанија има 11 бода во групата И и се наоѓа на третото место, но и води битка со Данска и со Португалија за двете први места што водат директно во Франција на ЕП, и за евентуалното најдобро место во однос на третопласираите селекции од сите групи, кое, исто така, гарантира настап на шампионатот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top