| четврток, 6 декември 2018 |

Можно е одложување на објавувањето на извештаите за прогресот од ЕК за една недела

 

ek2
Постои можност Европската комисија првпат по многу години да го одложи објавувањето на извештаите за напредокот во евроинтеграциите на земјите-кандидати и потенцијални кандидати за членство во Европската унија за една недела, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Иако уште одамна беше најавено дека неофицијалната влада на Унијата ќе ги објави извештаите за напредокот на Република Македонија и на другите земји од процесот на проширување в среда, според засега сè уште непотврдени информации, ЕК тоа ќе го направи на 21 овој месец.
– Не можеме да потврдиме, но засега има многу поприоритетни работи за Комисијата и воопшто за Унијата, а тоа е, пред сè, ситуацијата со бегалците од арапскиот свет – потврди извор од ЕУ за МИА, инсистирајќи на анонимност.
Официјално, од ЕК најавија дека до крајот на денот ќе објават дали ќе има одложување на објавувањето на извештаите за напредокот на земјите во процесот на приклучување кон ЕУ. Тоа, според новиот план, еврокомесарот за преговори за проширување Јоаханес Хан, ќе го направи на 21 овој месец (среда), откако претходно ќе ги усвои Колеџот на комесари на ЕК и ќе бидат претставени пред пратениците во Европскиот парламент.
За Македонија, тоа што е извесно е дека во извештајот за прогресот ќе има седма препорака едноподруго од Еврокомисијата за отворање на пристапните преговори за членство во Европската унија, со тоа што би била на некој начин условена со усвојување и усогласување на времето со спроведувањето на сите точки од политичкиот договор од 2 јуни и 15 јули за решавање на политичката криза во земјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top