| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемена заинтересираноста за градба

gradba2Зголемен број одобренија за градба за 25,9 проценти и поголема предвидена вредност на објектите за 43,6 проценти е забележано во февруари годинава во споредба со февруари лани, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во февруари се издадени 219 одобренија за градење, а од вкупниот број, 168 или 76,7 проценти се наменети за објекти од високоградба, 16 или 7,3 проценти за објекти од нискоградба и 35  или 16 проценти за објекти за реконструкција.

Од  219 објекти на 165  или 75,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 54 објекти или 24,7 проценти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 587 стана со вкупна корисна површина од 48.100  квадратни метри.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top