Шоуменот Игор Џамбазов, човекот што го познава секое ќоше во нашата Македонија, преку профилот на „Фејсбук“ на неговата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска препорачува места што, веројатно, никогаш не би ви текнало да ги посетите. Како што вели, се работи за места со душа – прекрасни, скромни местенца каде што главни се само хомосапиенсите…тие го прават местото…
– На половина пат меѓу селото Слепче и манастирот „Свети Јован Претеча“, на само 3,5 километри од Демир Хисар, се наоѓа местото каде што газдата мој ги пишуваше последните три книги. Тоа е неговата канцеларија, место за исповед, место за одмор и за релаксација, концертна бина. Кога ќе ни дојдат гости во Слепче, тој прво таму ги носи…мислиш – негово е. Ќе го бараш газда Аце, или стрико Иван (стариот газда). Нарачај си витаминска салата, слепчански питулици (со лук или изварка) и моите омилени уштипци во облик на ќофтиња, што обично газдата ми ги носи кога ќе им останат вишок на софрата…. Побарај место што е подолу од влезот за да можеш на раат да уживаш во манастирот стар 1001 година што како на дланка се распослал пред тебе… ГОРНА КУЌА – СЛЕПЧЕ – МЕСТО СО ДУША… – „напиша“ Емилија Џамбазова Бавчанска.
Доколку патот ве води на друг крај, тогаш послушајте друг совет од Џамбазов, на пример поминете кај Тони Мишинката во Василево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.