| четврток, 6 декември 2018 |

Откако ограби банка, оваа двојка ја направи најглупавата работа на светот (фото)

Бони и Клајд во идиотско издание.

банка

Од толку глупости и бесмислени расправии, како што беше онаа за бојата на фамозниот фустан, кои можете да ги видите на „Фејсбук“, веројатно никогаш немаше да ви текне дека некој е толку глупав и би објавил докази за стореното криминално дело.

Е па, има и такви. Излегува дека „Фејсбук“ е одлично место на кое можете да следите како криминалците самите себеси се испраќаат во затвор, а токму таков е и случајот со оваа двојка. Џон Морган и неговата девојка Ешли, еден ден решиле да ограбат банка во Ланкастер, место во Охајо каде што живееле. Својата намера ја спровеле успешно и наместо да се смират и да не привлекуваат внимание, тие решиле да споделат докази за нивниот чин на „Фејсбук“, во вид на фотографии на кои позираат со ограбените пари. Водејќи се со непишаното правило „Ако го нема на ‘Фејсбук’, не се ни случило“, двојката објавила инкриминирачки фотографии.

Фотографиите веднаш пристигнале кај локалната полиција, која ги составила коцките и без многу мака ја поврзаа двојката со грабежот на банката. Оваа идиотска двојка на, можеби, најлошите ограбувачи во историјата може да добие сериозна затворска казна, но веројатно за нив е тоа вредно за добиените лајкови на „Фејсбук“.

Screenshot_1

Screenshot_2

Screenshot_3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top