| четврток, 6 декември 2018 |

Легендата на Ливерпул Џејми Карагер распали по управата на клубот

dzejmi karager

Легендарниот фудбалер на Ливерпул и англиската фудбалска репрезентација, Џејми Карагер, кој по завршувањето на професионалната кариера во редовите на „црвените“ работи како стручен коментатор за „Скај Спортс“ остро ја критикуваше управата на клубот за се поголемиот јаз што се јавува меѓу неговиот поранешен клуб и остатите врвни тимови во Премиерлигата.

– Откако дојдоа на чело на клубот, членовите на „Фенвеј спортс груп“ донесоа неколку одлуки што воопшто не функционираа. Го донесоа Коноли за спортски директор, а Далглиш за менаџер, па двајцата ги избркаа. Сега имаат трансфер-комитет кој ги избира засилувањата, но очигледно е дека ниту тоа не функционираа. Го задржаа Роџерс во текот на летото, што исто така беше грешка. Скоро секоја важна одлука им е погрешна, затоа тврдам дека проблемот на Ливерпул е во управата. Ова е голем клуб, клуб со голема историја, но реалноста е дека се повеќе станува како Тотенхем, бидејќи големината на клубот станува се поголема илузија. Сите говорат за постот на Арсенал без титула, но што е со Ливерпул, во последните десет години е освоен само еден лига-куп – вели Џејми Карагер.

Тој посочи дека Брендан Роџерс апсолутно го заслужил отказот, откако не ги искористил добиените шанси да се докаже на „Енфилд роуд“.

– Роџерс беше во Ливерпул повеќе од три години, потроши преку 300 милиони фунти, а тимот само една година играше во ЛШ и не успеа да се пласира во втората рунда. Тоа не е доволно добро за клуб како Ливерпул, Брендан се спаси летово и беше свесен дека мора да стартува моќно за притисокот да исчезне. Тоа не се случи, па добиениот отказ е само нормален след на околности – истакнува Карагер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top