Снимањето на долгометражниот игран филм „Тајната состојка“, по сценарио и во режија на Ѓорче Ставрески, почна денеска, 30 септември, во депото на Македонски железници во Скопје. Трагикомичната приказна за еден млад човек што сака да му помогне на својот татко ќе се снима во следните шест недели на повеќе локации во Скопје – депото на Железница, кампот на езерото Треска, стан во населбата Автокоманда, „Лунапарк“ итн.
Главните улоги во филмот ги толкуваат Благој Веселинов и Анастас Тановски. Директор на фотографија е Дејан Димески, сценограф Симо Бранов, костимограф Раде Василев, а композитор Бранислав Николов. Продуценти на филмот се Емилија Чочкова и Ѓорче Ставрески.
Филмот „Тајната состојка“ е во продукција на „Фрагмент филм“ и веќе во фазата на развој освои повеќе домашни и меѓународни награди: номинација за ВФФ хајлајт пич авард на филмскиот фестивал во Берлин, ЕАВЕ награда на фестивалот во Трст и најдобро сценарио во програмата Скрипт корнер на фестивалот „Браќа Манаки“во Битола. „Тајната состојка“ е дебитантско долгометражно остварување на Ставрески и е поддржано од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура