| четврток, 6 декември 2018 |

Земјотрес почувствуван во западна Македонија

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван денеска во 11 часот и 13 минути во западните делови од Македонија.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во Косово, 57 км западно од Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top