Чанта на задната страна на телото
Носејќи ја чантата вака, жените праќаат сигнал дека не им е важно како изгледаат во даден момент, веројатно брзаат или се зафатени со нешто друго, па чантата само им пречи.
Чанта од предната страна на телото
Чантата носена на овој начин укажува на темпераментот на сопственичката, која во животот е внимателна, срамежлива и одбранбено настроена. Чантата во овој случај им е своевиден штит.
Носењето на чантата преку рамо, но без дополнително придржување, открива опуштеност и лежерност. Овие жени не се оптоварени со дизајнот и со марката на чантата, поважно им е таа да е лесно достапна.
Чанта во раце
Жените што ја носат чантата во раце, како актовка, големо внимание посветуваат на кариерата и на работата. Потсвесно праќаат сигнал дека не смеат да се потценуваат, бидејќи се вистински деловни жени.Чанта преку лакот Со ваквото носење на чантата се сугерираат статусот и позицијата. Помалку феминистички, чантата преку лакот праќа порака дека на жените не им се потребни двете раце за да чекорат низ животот. Во друг случај, жените со вакво носење на чантата може да значи и желба за истакнување на статусен симбол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.