Интересен натпревар се одржа во Финска каде што учестуваа брачни двојки, а на некои натпреварувачи им беше дозволено да ја „позајмат“ сопругата на соседот.
Задачата била на Светското првенство во носење сопруга на грб да се претрчаат 250 метри, а имало натпреварувачи од Русија, Јапонија и од САД.
Водни пречки, премин низ длабок базен и прескокнување пречки биле дел од задачата. Победници се Анастасија Лонгинова и Димитриј Сагал од Русија.
Наградите се делеле во категориите најинтересна двојка, најдобар костим и најсилен носач.
Првенството се одржува секоја година во Финска, а постојат посебни правила во облекувањето и за носењето на жените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.