Бугарската компанија „ИСА 2000“ ќе гради трговски центар во непосредна близина на аеродромот „Александар Велики“. Инвестицијата во „Лакшри балкан мол“, според најавите на општината Петровец, ќе биде 50 милиони евра и ќе отвори 2.000 вработувања, пишува порталот „Азбука на градот“. Станува збор за објект двојно поголем од „Сити мол“.
Оваа парцела е околу 70 илјади квадрати. Според најавите на инвеститорот планот е во завршна фаза и се однесува на голем луксузен балкански трговски центар со големина од 200 илјади квадратни метри во кои се планирани 2.000 вработувања.
„ИСА 2000“ на својата веб-страница се претставува како водечка градежна компанија во Бугарија.
Индустриската зона Ќојлија, која се протега спроти скопскиот аеродром, по површина е најголема во земјава и една од најбараните. Од седумдесетина парцели, уште само три се непродадени.
Во Петровец италијанска компанија гради и приватна болница со врвна опрема за пациенти од Македонија и од соседните земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.