| четврток, 6 декември 2018 |

Клоп прв пик за нов менаџер на Ливерпул

jirgen klop

Јирген Клоп ќе биде новиот менаџер на Ливерпул, откако Брендан Роџерс доби отказ, пишуваат британските медиуми.

Ливерпул вчера и официјално ја прекина соработката со Брендан Роџерс, по што управата на клубот објави дека нема да именува „привремен стратег“, бидејќи новиот стратег ќе биде ангажиран во најскоро време. Се најавува промоција на Клоп во текот на оваа седмица.

Агентот на Клоп веќе водел разговори со челниците на клубот, но според одредени информации, се очекува првите луѓе на Ливерпул да допатуваат од САД во Германија на директни разговори со овој стратег, по што се очекува да биде потпишан и договорот. Се најавува тригодишна соработка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top