| четврток, 6 декември 2018 |

ИД ја уништила Триумфалната порта во сирискиот град Палмира

Припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД) ја уништиле Триумфалната порта, која е еден од најважните споменици во древниот сириски град Палмира, соопшти сирискиот министер за антиквитети, Мамун Абделкарим.

palmira

Претходно, во истиот град, џихадистите го уништиле и светилиштето посветено на богот Баал Шамин и 2.000 години стариот храм, Бел.

Палмира е под контрола на ИД од мај оваа година, кога од него беа протерани владините сили, по што џихадистите ги минираа спомениците и историските објекти.

Градот, вклучувајќи ги и четирите гробишта надвор од градските бедеми, се наоѓа на листата на светско наследство на УНЕСКО од 1980 година.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top