Екстремната сиромаштија ќе се намали на досега невидено ниво оваа година и таа ќе засега нешто помалку од десет отсто од светското население и покрај исклучително загрижувачките тенденции во Африка, се наведува во извештајот на Светската банка, објавен синоќа.
– Ние можеме да кажеме дека ќе бидеме првата генерација во светот, која ќе ја надмине екстремната сиромаштија – се вели во извештајот на претседателот на Банката, Џим Јонг Ким.
Годишната средба на на СБ и на Меѓународниот монетарен фонд ќе се одржи следната недела во Лима. Според последните податоци од 2012 година бројот на најсиромашни луѓе на планетата изнесува 902 милиони или 13 отсто од светското население. Во 1999 година нивната бројка била 29 отсто од населението.
Намалувањето на екстремната сиромаштија, според Ким, е резултат на динамичниот економски раст, инвестициите во здравството, образованието и социјалната заштита.
Тој се надева дека меѓународната заедница ќе доживее нов подем, откако ОН неодамна ги усвои новите цели за одржлив развој и за надминување на екстремната сиромаштија.
Сепак, за достигнување на оваа цел потребни се големи напори, се вели во документот и се додава дека за разлика од намалувањето на сиромаштијата во источна Азија, претежно во Индија или во Латинска Америка, екстремната сиромаштија во Африка, јужно од Сахара се зголемува и таа таму погодува 35 отсто од населението. Во тој регион живеат половина од најсиромашните луѓе во светот.
Растечката коцентрација на сиромаштијата во Африка, јужно од Сахара, е исклучително загрижувачка. Тој регион не успеава да го следи ритамот на намалување на сиромаштијата во останатиот дел од светот, се наведува во извештајот. Особено загрижувачка е состојбата во двете најпогодени земји, Мадагаскар и Демократска Република Конго, каде околу 80 отсто од населението живее под прагот на сиромаштијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонија тоне: 22,2 отсто од населението минатата година живеело во сиромаштија!
-
Митовска: СДСМ удира по најсиромашните, владата крати 6 милиони евра наменети за сиромашните(видео)
-
Расте сиромаштијата: Зголемени трошоците на живот и цените на мало
-
Светска банка за Мaкедонија прогнозира најмал раст во последните години!