Музичкиот хепенинг „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ по осми пат ќе се одржи во Скопје.
Настанот ќе почне во 19 часот и 30 минути на плоштадот „Македонија“. Традиционално, хепенингот е во чест на последниот концерт на Тоше одржан во Скопје пред осум години.
Целта е, како што велат од клуботот на обожаватели на Тоше Проески, заедно да се присетат на неговата музика и лик, но и да создадат „ѕвездено небо“ во негова чест, водени од максимата на Тоше „За моја среќа, јас и моите обожаватели дишеме како едно”.
Годинава, покрај неговите познати хитови, обожавателите ќе можат да чујат и досега необјавена песна на Тоше.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.