Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, особено во источните делови во земјата. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозападен правец.
Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервал од 19 до 25 степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време. Кон крајот на денот ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветар од северозапзаден правец.
Утринската температура ќе се движи до 11 степени, а дневната до 24 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.