| четврток, 6 декември 2018 |

Неверојатно достигнување, Кире Лазаров со повеќе од 1000 голови во Лигата на шампионите

kire lazarov laza

Најдобриот македонски ракометар, Кире Лазаров е првиот ракометар во светот кој стигнал до бројката од 1000 голови во Лигата на шампионите. Тој во денешниот дуел за својот тим Барселона во рамките од третото коло на гостувањето кај Пик Сегед постигна седум голови, а петтиот беше илјадитиот во неговата богата кариера.
Тој беше најзаслужен за денешната победа, која е тешко извојувана бидејќи домаќинот уште еднаш покажа дека е силен противник како и во минатото коло против Вардар во СЦ „Јане Сандански“.
Лазаров ја игра 15-та сезона во Лигата на шампионите Кире Лазаров има две титули најдобар стрелец во ЛШ, во сезоната 2005/2006 со Веспрем (85 гола) и во сезоната 2007/2008 (96 гола) со екипата на Загреб. Македонскиот бомбардер константно е во врвот на најелитното ракометно натпреварување во кое минатата сеозна ја прв пат ја освои шампионската титула со Барселона.

За Кире Лазаров ова е трето историско постигнување во кариерата. На СП 2009 во Хрватска, Лазаров стана најдобар стрелец во историјата на светските ракометни првенства со 92 погодоци, а три години подоцна, на ЕП 2012 во Србија, постигна 61 гол што е најдобро постигнување во историјата на европските шампионати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top