| четврток, 6 декември 2018 |

Планот е завршен: Европската комисија знае како да го сопре бегалскиот бран

migranti_thumb_medium500_250Европската унија и Турција постигнаа принципиелен договор за акцискиот план за запирање на приливот на бегалци кон Европа, објави германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ).

Според весникот, ваквиот договор меѓу Европската комисија и турската Влада бил усогласен минатата недела и се очекува да биде официјално потврден утре за време на посетата на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган на Брисел.

Со одредбите од планот, Турција се согласува да ги засили своите напори за заголемување на безбедноста на границите кон Унијата, со тоа што турските сили ќе патролираат заедно со грчката Крајбрежна стража во источниот дел на Егејското Море, во координација со Европската агенција за контрола на надворешните граници (ФРОНТЕКС), наведува весникот.

„Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ тврди дека Анкара се согласила имигрантите кои ќе бидат фатени при обидот да стигнат до Европа од турска територија, да бидат вратени во Турција, каде се предвидува изградба на шест нови бегалски кампови, во кои би можеле да бидат сместени и до два милиони лица.

Од друга страна, земјите од ЕУ се согласиле да прифатат 500.000 бегалци на кои ќе им обезбедат сигурен пат до европското тло по морски пат, тврди весникот, повикувајќи се на извори во Евросплата комисија.

Доколку утре во Брисел европските лидери и Ердоган го потврдат усогласениот договор, тој ќе биде разгледна на Самитот на ЕУ, што е предвиден за средината на октомври.

На вонредниот самит на ЕУ, одржан кон крајот на септември, европските лидери се договорија да ја засилат контролата на надоврешните граници на Унијата и да бидат создадени центри за регистрација на бегалците на гранците на Грција и Италија. По, ваквата одлука на ЕУ, се огласи турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој изјави дека Анкара нема да се согалси на отворање на такви центри на нејзина територија.

ЕУ досега во повеќе наврати ја повикуваше Турција да го спречи приливот на бегалци од нејзина територија кон Европа и бара од Анкара да ја засиле борбата против мрежите за илегален пренос на имигранти преку Егејското Море до грчките острови.

Според официјалните податоци, од почетокот на конфликтот во Сирија, во Турција пристигнале околу 2,2 милиони бегалци, кои се сместени во неколку бегалски кампови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top