| четврток, 6 декември 2018 |

Грчки медиуми за говорот на Груевски во ООН: нефлексибилен за името, јазикот и нацијата

grcki mediumi za ngПровокативен говор што не остава простор за поместување од познатите позиции – вака во грчката јавност се коментира обраќањето на премиерот Никола Груевски на Генералното собрание на ОН, пренесува Нетпрес од Атина.

За Грците се чини најспорен е делот во кој што премиерот Груевски посочи дека нашите позиции произлегуваат од реалноста, а тоа е дека ние сме Македонци, зборуваме Македонски јазик и живееме во држава со уставно име Република Македонија.

„Продолжуваат провокациите на Груевски за името“, „Груевски останува нефлексибилен за името на земјата“, „Нова провокација на Груевски – ние сме Македонци и зборуваме Македонски јазик“, се дел од насловите во грчките медиуми.Опишувајќи ги позициите за прашањето за името, Груевски се чини дека не остави простор за поместување од нив“, пишува државната новинска агенција АНА-МПА.

Освен медиумите, на позициите на премиерот Груевски во однос на уставното име и идентитетот, реагираше и најголемата опозициска партија Нова Демократија. Одговорниот за надворешна политика на партијата, пратеникот Јоргос Комуцакос, ја повика грчката Влада да реагира на според него, провокативните позиции на непопустивиот македонски премиер.

Непопустливиот Груевски со постапката на Генералното собрание на ОН, ги потврди оние провокативни неисториски позиции што со децении го спречуваат решавањето на прашањето за името. Чекаме Владата да реагира на новите провокации на Груевски, стои во реакцијата на Комуцакос.

Последните реакции од Атина уште еднаш го реафирмираат фактот дека јужниот сосед освен со нашето уставно име, има проблем и со македонскиот идентитет, односно со името на јазикот и на нацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top