Вчера во 13:45 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, во канцеларијата на Агенцијата за недвижности „Трим Љум“, сопственост на Ќ.М.(55) од с.Биџево-Струга, каде бил присутен П.А.(52) од Охрид, влегол С.О.(52) од Охрид, кој започнал расправија со Ќ.М.,поради нерасчистени имотно-правни односи.
Во еден момент С.О. извадил пиштол „ЦЗ“, кој го поседувал со дозвола, и почнал да им се заканува. Тогаш А.П. со лицето С.Ѓ.(38) с.Велгошти-Охрид, му го одзеле пиштолот, по што го напуштил лице местото.
Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.