Вчера во времето од 14:30 до 17:30 часот во Прилеп на градскиот стадионот „Гоце Делчев“ при одржување на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК„Победа“ од Прилеп и ФК„Македонија Ѓорче Петров“ од Скопје, поточно во 72 минута, натпреварот бил прекинат поради тоа што поголема навивачка група влегла на теренот незадоволни од судската одлука, при што го нападнале главниот судија.
При обезбедувањето на судиската екипа, делегатот, гостинската екипа и другите официјални лица на натпреварот, биле повредени двајца униформирани полициски службеници од ПС-Прилеп, кои се здобиле со телесни повреди.
Натпреварот бил следен од околу 2500-2800 гледачи, меѓу кои биле и навивачките групи „Мајмуни“ и „Маркови внуци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Широк сокак обоен во црвено-жолто (видео)
-
Чуден е овој соживот кога на националната арена ни извикуваат “Мртов каур, добар каур” и “Обединета Албанија” (видео)
-
Од одмор до трагедија, се истепаа навивачи на Порто и Бенфика во Хрватска (ВИДЕО)
-
Полицаец нападна новинар: Што снимаш, бе ти со телефонот, дај ваму !(видео)