| четврток, 6 декември 2018 |

Најважната битка на Путин, зошто Сирија му е толку важна?

Зошто а Путин му е важна Сирија? Властите во Русија негираат дека имаат економски интереси од воздушните напади врз Сирија, што отпочнаа пред пет дена.

Интересен текст на оваа тема се појави точно една недела пред претседателот на Русија Владимир Путин да даде наредба за почеток на воените операции на повик на сириските власти, пишува српски „Блиц“.

– Ако нешто може да ја крене цената на нафтата е развој на конфликтот на Блискиот Исток. Затоа за Русија е од фундаментален интерес цената на нафтата да остане нестабилна, вели Бајев.

Медведев нагласи дека Русија нема глобални економски интереси во Сирија.

– Точно е дека ги снабдуваме со оружје, но тоа не е фантастична сума пари, тоа можеби може да бидат стотина милиони долари, но нашиот севкупен портфолио изнесува 15 милијарди долари. Тоа значи со други зборови, дека немаме никакви супер економски интереси таму, наведува Медведев.

Медведев порача дека издвојувањара за вооружените сили на земјата се оправдани и неопходни, вклучувајќи ги и задачите како што е мисијата во Сирија, чија цел, како што рече е да се заштити Русија од тероризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top