Американецот Џејсон Браун е осуден на 28 години затворска казна во државниот затвор во Невада под обвинение за измачување, убивање и сквернавење на седум кучиња.
Според судијата кој го водел случајот, обвинителот и адвокатот на одбраната, ова било најсуровиот и застрашувачки случај кој го имале во нивната кариера.
Браун не се противел на обвиненијата, со образложение дека бил зависник од дрога и не се сеќаавал на извршените дела.
Сведоците, некои од сопствениците на кучињата, пред поротата рекле дека тој делувал како мирно момче и затоа му ги продале своите кучиња.
Сепак, за време на судењето, кога се гледале снимките од неговите измачувања, сите сопственици плачеле кога гледале што се случувало со нивните поранешни домашни миленици.
– Злобата, садизмот кој го промовираш се шокирачки. Најмногу ме плаши фактот што самиот си ги снимал видеата. Тоа ми кажува дека си сакал повторно да ги гледаш ужасните работи откако ќе ги направиш, му рекол судијата на осудениот Браун.
Дваесет и пет годишниот Американец е уапсен во јули 2014 година, откако полицијата пронашла четири обезглавени кучиња во фрижидер во мотел во кој тој престојувал.
Браун од друга страна, пред судијата рекол дека не се сеќава на ништо бидејќи примал хероин, метамфетамин и кокаин.
– Немав контрола над себе. Ми се гади што сега сум свесен дека јас тоа го направив, рекол Браун.
Како што пишуваат американските медиуми, аудиото од видеата не било ништо поразлично од отчукувањата на метални ножеви во хорор филмовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



