Видеоспотовите на балканската фолк-ѕвезда од деведесетите години, на овие простори се паметат и по фраерите во секој од нив.
Бане Ерчиќ (40), кој беше дел од видеоспотот за песната „Знам“, денес живее во Белград и работи како професионален физиотерапевт, но се уште работи и како модел Во манекенските води го внесе Дејан Миличевиќ, кој беше задолжен за видеата на Цеца. Неговиот последен ангажман беше во спотот на Емина Јаховиќ за песната „Ne plašim sе“.
Никола Павловиќ (38), денес пејач и угостител, го глумеше згодниот рок гитарист во спотот за песната „Ljubav fatalna“.
Тој не е оженет, а неодамна беше дел и од развратното реално шоу „Парови“, каде што опстои само седум дена.
Ѓорѓе Дувњак (40), познатиот дрвосечач од спотот „Idi dok si mlad“, кому осамената богаташка му го менува животот, се пресели во Австралија со семејството.
За него се знае само малку. Денес ја нема веќе долгата коса, по која се уште го паметат сите од екс-југословенските земји.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.