Претседателот на ФИФА во оставка Сеп Блатер чија смена се очекува на почетокот на 2016 година, Сеп Блатер нема намера да се повлече од функцијата се до новото избирачко собрание и покрај барањата за негова оставка од најголемите спонзори на организацијата Кока Кола и Мекдоналдс.
Швајцарецот се огласи преку својот адвокат дека во овој момент повлекување од функцијата не е во најдобар интерес на ФИФА.
– Додека Кока Кола е важен спонзор на ФИФА, господинот Блатер со почит не се согласува со нејзината позиција и цврсто верува дека напуштање на позицијата во овој момент не е во најдобар интерес на ФИФА, ниту пак ќе го забрза процесот на реформирање и затоа нема да поднесе остаква – пишува во соопштениете на адвокатот на Сеп Блатер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.