| четврток, 6 декември 2018 |

НАТО почнува најголема воена вежба од 2002 година

nato
НАТО денеска почнува најголема воена вежба од 2002 година во која 36.000 војници ќе бидат ангажирани на маневри за подготвеност во Италија, Шпанија и Португалија.Воената вежба – Trident juncture – се одржува до 6 ноември и во неа ќе учествуваат војници од 30 држави, соопшти Командата на здружените сили на НАТО.

Вежбата ќе укаже на зголемено ниво на амбиции на НАТО во заедничко модерно војување и ќе покаже способна напредна Алијанса со соодветни способности и капацитети да се избори со актуелните и идни безбедносни предизвици, соопшти Командата.

НАТО истакнува дека воената вежба не е насочена против ниедна држава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top