Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ се надева дека германскиот канцелар Ангела Меркел ќе најде решение на бегалската криза, бидејќи Германија е изложена на најголем притисок во оваа ситуација. Тој смета дека Меркел ќе биде принудена да одржи нови преговори со грчката влада во однос на Шенген.
-Она што ми дава надеж е фактот дека Германија, која е изложена на огромен притисок во оваа криза ќе најде решение. На Ангела Меркел тоа ќе ја чини не само пари, но и нов круг преговори со владата во Атина”, рече Миловановиќ пред ВВС. “Сето ова се прави намерно. Имаме една земја која намерно не ги почитува правилата во Шенген, а овие правила може да се набљудуваат со малку добра волја, без насилство, без да има нехуман третман. Ова ќе им даде многу подобра слика од оваа со Жицата која се става по границата на Унгарија – истакна Зоран Миловановиќ.
Според него поставување на ограда од страна на властите во Унгарија долж границата со Хрватска нема да го реши проблемот, бидејќи границата не може да биде затворена. “Во отворените простори луѓето едноставно си одат и вие ништо не може да направите освен да пукате во нив. Токму тоа се случува на границата меѓу Хрватска и Унгарија”, додаде хрватскиот премиер. Тој повика на решавање на проблемот при неговото настанување, во корените му и во случајот тоа е Турција. “Турција се обидува по еден легитимен начин да го реши проблемот со два милиони луѓе – тоа се многу луѓе. Требаше да и помогнеме на Турција многу порано, со пари и почит, но не го сторивме … Можеби сеуште не е премногу подоцна. Но, Грција е првата земја од Шенген! И на неа воопшто не и е гајле! “, истакна Зоран Миловановиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Милановиќ: Хрватска утре во Брисел нема да прифати никакви задачи
-
Милановиќ: Унгарците ќе мора да пукаат ако ја затворат границата
-
Милановиќ: Границата со Србија денеска или утре ќе биде отворена за транспорт
-
Милановиќ ѝ порача на Србија: Шарај малку брате и дел од бегалците праќај кон Унгарија и кон Романија