Хрватскиот премие,р Зоран Милановиќ, на барањето од Белград за отворање на граничниот премин Бајаково, ѝ порача на Србија да го спушти тонот и наместо сите во Хрватска, дел од бегалците да праќа и во Унгарија и во Романија.
– Од првиот ден се воздржувам да не ја повикам Србија за тоа што веќе година дена пропушта бегалци. Сите ги пуштаат, земји кои се моќни и големи како Германија ги пуштаат. Земји кои се најмалку загрозени како Унгарија, прават сцени. Зошто, за тоа ќе одговараат пред Бог. Србија не ја прозивам, но можам да им порачам малку да го симнат тонот и да почнат „малку да шараат“, да праќаат бегалци малку и во Романија и во Унгарија – изјави Милановиќ.
Хрватскиот премиер нагласи дека со затворањето на Бајаково е направена поголема штета на српската економија, отколку на хрватската. – Тоа не е добро, но во овој момент мора да се даде јасна порака. Не сме глупави, гледаме што прават. Гледаме што работат и во каков договор се со Будимпешта. Малку забавете и се ќе решиме – порача Милановиќ.
– Ние не можеме и не сакаме да примиме 20.000 луѓе во два дена бидејќи тоа Србија и Унгарија не го направија во цела една година. Тоа беа многу помали бројки или поголем број луѓе на подолг период – изјави хрватскиот премиер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.