Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски денеска оствари средба со Генералниот срекретар на ОН, Бан Ки Мун на која разговарале за остварувањето на поставените цели, процесот на разговорите меѓу Македонија и Грција, како и изнаоѓање на решение за наметнатиот спор за името, но и предизвиците во врска со мигрантите.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мум изрази задоволство од придонесот на Македонија во реализацијата на целите на Обединетите нации, потенцирал дека активно ги следи сите процеси и активности во рамките на разговорите за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција и дека редовно е информиран од медијаторот Нимиц за разговорите.


Во однос на прашањето за мигрантите беше истакнато дека е потребен координиран пристап на меѓународната заедница со цел надминување на сите предизвици поврзани со оваа тема.
Претходно Премиерот Груевски се обрати во генералното собрание на Обединетите нации.


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски


