| четврток, 6 декември 2018 |

Спортистите во паника: Клетвата на Тејлор Свифт ја зафати цела Америка (видео)

Доколку не сте знаеле моментална тема број еден во Америка е клетвата на Телјор Свифт, а со оваа тема верувале вие или не, со неа се занимаваат најпознатите американски медиуми.

18839f21-608b-4acd-a2aa-a944db3e15e7-2060x1236

Пејачката станала вистински малер за безбол тимовите на чиј стадион одржала концерти. Во рамките на нејзината, многу успешна турнеја 1989, Тејлор на 9 септември настапувала на теренот  Хјустон Астроса. Тимот пред овој концерт имал речиси 55 победи и 45 порази и беше сигурен учесник во плејофот. Следеше низа од седум порази на осум натпревари и Астроси едвај се пласираа во доигрување.

Уште полошо поминаа Вашингтон Нешанелс кои по јулскиот настап на Свифт, влегоа во серија порази и од големи фаворити за титулата МЛБ, дојдоа до тоа да не го ни помирисаа плејофот.

Следната жртва се Сан Дијего Падерси кои по 29 август и концертот на пејачката, забележале 11 победи и дури 18 порази и неславно ја завршиле сезоната.

Но како се наведува во текстот кој го објави ЕСПН, тука можеби и не е крајот на оваа “клетва“- играчите и навивачите на Торонто Блу Џејс се во вистинска паника бидејќи Тејлор за викенд настапува на нивниот стадион и убедени се дека таа ќе фрли малер на нивните сништа за титула.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top