Традиционалната манифестација „Ден на македонската позија во Шведска“, која секоја година се одвива под покровителство на Македонскиот сојуз, ќе се одржи утре, 6 април, во Градскиот музеј во Гетеборг со почеток во 14 часот.
Гости од Македонија ќе бидат истакнатите македонски писатели – поетот Славе Ѓорѓо Димоски, кој е и актуелен претседател на УО на Струшките вечери на поезијата, и проф. д-р Венко Андоновски, литературен теоретичар и критичар, прозаист и колумнист.
Во поетското читање ќе учествуваат петанесетина автори, а ќе бидат промовирани и неколку нови стихозбирки од македонски поети кои живеат во Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


