| четврток, 6 декември 2018 |

Паника во Загреб: Јелена Томашевиќ и Александра Ковач се отруле со храна и завршиле во болница

Јелена Томашевиќ и Александра Ковач се отруле со храна пред два дена во Загреб.

jelena-tomasevic-aleksandra-kovac-foto-dragan-kadic-damir-dervisagic-1443738575-752881

Пејачките беа гостинки на концертот посветен на големата сараевската  група „Индекси“, а непријатноста ја доживеале како во текот на денот заминале на ручек во еден ресторан на покана на организаторот, Нивната агонија почнала неколку часа потоа за време на тонската проба во салата „Ватрослав Лисински“ во Загреб, а морала да интервенира итна помош.

– Сѐ е во ред и сега добро се чувствувам. Александра и јас имавме некаква алергиска реакција на храната што ја јадевме, по што интервенираше брзата помош. Фактот  дека двете пеевме пред полна сала зборува колку добри всушност сме биле. Организаторите на настапот Томислав Кашљевиќ  и неговите соработници дадоа сè од себе да ни ја намалат оваа непријатна ситуација, а силниот аплауз кој го добивме на концертот ни ги врати насмевките на лицето – изјавила Јелена Томашевиќ за медиумите.

Како што пренесуваат медиумите подебелиот крај во сето тоа го извлекла Александра Ковач, која морала да прима инфузија и била пренесена во болница. Неколку часа  подоцна Александра, буквално, избегала од болница за да настапи на концертот, но има сила да отпее само една песна.

Aleksandra Kovac i Jelena Tomasevic

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top