Кристијано Роналдо ја доби златната копачка на Реал Мадрид од Флорентино Перез, откако со двата гола против Малме стана најдобар стрелец во клупската историја на „кралскиот клуб“. Раскошен талент во најтрофејниот европски клуб со 32 титули во Шпанија, 19 куп трофеи и десеткратен европски првак. Во таков блескав спортски колектив Роналдо е прв стрелец со 324 погодоци во сите натпреварувања, пред легенди од калибарот на Алфредо ди Стефано и Раул Гонзалес.
„Среќен сум што ги минав легендите на клубот, Ди Стефано и Раул. Тоа е остварување на неверојатен сон. Им благодарам на соиграчите и на тренерите. Без нив немаше да биде остварлив овој подвиг“, изјави Роналдо.
Тој успеа и да ја мине магичната граница 500, со два гола против Малме и стаса до 501 погодок во кариерата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.