Дваесетгодишно момче од Прилеп почина по пад од четвртиот кат на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје.
Момчето Д.Р. паднало ноќта на 1 октомври во 3.40 часот, по што со Итната медицинска помош било пренесено во Ургентниоот центар во Скопје, каде што во 18.30 часот истиот ден им подлегнал на повредите.
СВР Скопје изврши увид на местото на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


