| четврток, 6 декември 2018 |

Кралевите ќе се поклонат пред кралот на стрелците Кристијано Роналдо

Kristijano-Ronaldo

Реал Мадрид денеска околу 13 часот ќе организира спектакл на кој симпатизерите и сите што при срцето им е „кралскиот клуб“ ќе му оддадат почит на Кристијано Роналдо.

Популарниот ЦР7 го постигна петстотиот гол во кариерата на натпреварот од ЛШ против Малме, а со двата погодоци на тој меч го престигна Раул Гонзалес на првото место на вечната листа со најдобри стрелци на десеткратниот европски шампион.

Сега Роналдо е на врвот со 324 погодоци за Реал во сите натптреварувања, пред Раул кој има 323. Тоа е повод денеска од 13 часот да има церемонија во семејството на Реал, на која ќе се стои мирно пред големецот на светскиот фудбал Кристијано Роналдо.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top