Грција нема да гради центар за прифаќање бегалци на границата со Бугарија и Турција, јави електронското издание на грчкиот весник „Етнос“, цитирајќи го портпаролот на грчката Влада, Теренс Куик.
Тој вчера беше во посета на Комотини и пред новинарите истакна дека Владата не планира да создава Центар за регистрирање и прифаќање бегалци во реонот на северната област Еврос. Според него границата е заедничка за три држави и е неопходно мислењето на трите страни за ова „специфично техничко прашање“.
– Европа целосно разбира дека тоа не е граница само на Грција – посочи Куик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.