Заедничкото пеење има неверојатна исцелителна сила за ментално здравје, покажа најновата студија од Унверзитетот Абант Изет Бајсал во Турција.
Една група луѓе се согласиле заеднички да пеат еден час во хор, додека друга група не правеле ништо посебно. Истражувачите го мереле нивото на анксиозност и нивото на ензимот амилазе, кој често се користи како маркер за воспаленија.
Кај оние кои се пријавиле за пеење, научниците откриле намалување на нервозата и вознемиреноста, додека луѓето во контролната група искусиле повеќе анксиозност и негативни ефекти пред и по периодот од еден час, пишува Хафингтон пост.
Претходните истражувања откриле дека пеењето во хор не е поврзано само со психичкото, туку и со физичкото здравје, се покачува нивото на кислородот во крвта, се намалува стресот и се подобрува здравјето во целина. Исто така, пеењето придонесува за подобра концентрација и ја подобрува работата и го зајакнува чувството на заедништво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Најнови истражувања: Пријателите кои сами си ги избираме генетички ни се слични
-
Овие луѓе не ги носете со вас во новата година
-
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Ѓорче Петров пееја химна и демонстративно ја напуштија салата – градачалникот од СДСМ им се приклучи во пеењето (видео)
-
Златен медал за женскиот младински хор на КУД „Стив Наумов“ во Молдавија