| четврток, 6 декември 2018 |

Енрике го вклучи Давид Бабунски во составот на Барса за дербито со Севилја

david babunski

Луис Енрике има доста проблеми со повреди на играчите на Барселона, дел од стандардните фудбалери се надвор од строј, па одлучи да повика дури шестмина од Б тимот, меѓу нив и македонскиот репрезентативец Давид Бабунски.

Меси, Иниеста и Рафиња сигурно нема да играат, па тоа е шанса за помладите да се претстават на големата сцена во силно првенство какво што е шпанското. Бабунски ќе патува за Севилја, на еден од најжешките терени во Примера, на „Санчез Писхуан“, а дали ќе добие минутажа зависи од тренерот Луис Енрике.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top