Вчера вечер се одржа прославата на 10-от роденден на српскиот магазин Стори, а Јелена Карлеуша и Наташа Беквалац со нивните аутфит избори ја одбележаа оваа вечер.
Новосадската барбика се појави во ултра провокативно издание во долг белен фустан кој ја истакна нејзината фигура и деколте кое во преден план ги стави градите на пејачката која пукаше од сексапил.
Нејзината колешка Јелена Карлеуша за изненадување овој пат немаше деколте туку сосема спротивно дојде закопчана до грло и со шлем на главата ја постигна целта и го привлече вниманието и на медиумите и на присутните. Таа како што изјавила се пронашла во овој фустан на Версаче кој бил инспириран од Јованка Орлеанка и жените борци во модерното време.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.