Културниот центар Кула продолжува да носи новости од широката палета на музичкиот експериментален жанр. Овојпат во рамки на музичката програма нудат концерт налик на вуду литургија, со примеси на култ од фетиши на непознат јазик. Настапот на овој необичен состав ќе можете да го проследите на 5 октомври (понеделник) со почеток во 20.00 часот.
Гили Гили Гулаг (Guili Guili Goulag) е експериментален белгиски рок бенд кој твори под влијание на африканска музика, краутрок, дум, панк и многу други работи. Карактеристични се по звучната харфа, длабокиот бас и племенските перкусии. Нивниот перформанс може да се опише како бучна танцувачка точка со моменти на импровизација. Од неодамна Гили Гили Гулаг го снимаат својот прв албум, под издание на четири издавачки куќи и тоа:Mon cul c’est du Tofu, Rockeril Records, Cheap Satanism and Attila Tralala. Во моментов бендот работи интензивно на новиот материјал кој ќе биде издаден до крајот на годината (2015).Mon cul c’est du Tofu, Rockeril Records, Cheap Satanism and Attila Tralala. Во моментов бендот работи интензивно на новиот материјал кој ќе биде издаден до крајот на годината (2015). Mon cul c’est du Tofu, Rockeril, Cheap Sattanism and Allala Tralala.
Нивната прва турнеја започнува во октомври 2014 година, а во моментов се на својата втора турнеја, каде што прв пат го посетуваат Балканскиот регион. Новиот материјал, на кој што работат непречено, ќе биде издаден до крајот на годината (2015).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.