| четврток, 6 декември 2018 |

Каков невестински фустан да одберете според хороскопскиот знак

Овен 

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-ovan

Вие сте љубители на модата, но не сте личност што слепо ги следи трендовите, туку сте вљубени во скапите и квалитетни парчиња облека. На венчавката, невестите родени во овој знак сакаат да изгледаат префинето и да се издвојат со елеганцијата. Кичот никогаш не доаѓа предвид.

Совршената венчаница за вас е едноставна, бела и со отворен грб. Овните се познати како егоисти, така што е пожелно да бидат во центарот на вниманието, а не самиот фустан, па затоа се решаваат за минимализам.

Бик

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-bik

Биковите го сакаат комфорот и затоа со задоволство ќе одберат венчаница во која ќе можат без проблем да играат цела ноќ. Исто така, избираат облека што ја истакнува нивната самодоверба, па не чудете се ако претераат со нагласување на атрибутите што ги сакаат.

Сексапилната венчаница со необичен крој, а лесна за носете е вистинскиот избор. Претесните модели и корсети не доаѓаат во предвид. Венчаницата што лесно паѓа или има А-крој е совршена за раскошната церемонија на невестите во знакот на Бик.

 

Близнаци

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-blizanci

Вие сте моден магнет, ги мешате различните трендови и стилови, а сепак изгледате совршено и складно. Никогаш не можете да се откажете од светките и од цирконите затоа што го сакате раскошот што го симболизираат.

Гламурозната венчаница со златни детали е совршен избор за сите невести родени во знакот на Близнаци. Моделот од матиран материјал со нагласени златни акценти е тоа што ќе ве направи најсреќни на денот на венчавката.

Рак

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-rak

Ако треба со еден збор да ги опишете жените родени во овој знак, тогаш тоа би бил зборот елеганција. Раковите се женствени и сакаат класична гардероба.

Совршената венчаница на невестата Рак е со А-крој и без прерамки. Место стандардната бела боја, Раковите со задоволство ќе одберат светла крем боја или шампањ нијанса.

Лав

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-lav

Кога се работи за модата, Лавовите сакаат силни бои и обожаваат да се издвојуваат од толпата. Тие никако не сакаат да се вклопат, туку сакаат да бидат забележани на секој чекор.

Токму затоа на посебниот ден невестите Лавици нема да ја пропуштат можноста да одберат голема и раскошна венчаница што, буквално, ќе боде очи. Балските модели со помпезен тул се првиот избор со кој нема да погрешите.

Девица

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-devica

Девиците се женствени, нежни и вечни девојчиња. Сакаат да изгледаат како дами, па затоа секогаш носат нежни пастелни бои, кои ја истакнуваат нивната невиност.

Елегантната и долга венчаница со розови мотиви е остварување на секоја невеста Девица. Избегнувајте ги светките и цирконите затоа што тие не соодветствуваат со вашата елеганција.

Вага

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-vaga

Вагите сакаат баланс, златна средина, како во животот така и во гардеробата. Сепак, имате денови кога сакате да експериментирате. Тогаш не плашете се да ја покажете иновативноста, која е вашиот најголем квалитет.

Сепак, вашата венчаница не е голема, во балски фазон како за принцеза. Најдобро ќе се чувствувате во едноставната и затворена венчаница без претерано истакнување на кожата и натрупани детали.

Скорпија

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-skorpija

Вие обожавате да комбинирате различни материјали и да го спојувате неспоивото. Креативни сте и самоуверени, а модата за вас е игра.

Затоа што сакате луксуз и сексапилен изглед, со задоволство ќе одберете фустан од сатен, по можност што ја следи линијата на телото. Долгата опшака од материјал која се влече зад вас, исто така, е добредојдена.

Стрелец

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-strelac

Стрелците се личности што пукаат од самодоверба, па обожаваат гардероба со бои и шари што привлекуваат внимание. Вие избирате алтернативни стилови и решенија, класиката е здодевна и не доаѓа предвид.

Токму затоа невестите родени во знакот на Стрелец ќе одберат фустан со чуден, необичен крој и несекојдневни мотиви. Моделите со тесен корсет имаат предност, но единствен услов да бидете задоволни од крајниот резултат е венчаницата да биде исцртана и сошиена специјално за вас.

Јарец

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-jarac

Спротивно од Стрелецот, вие сакате едноставна и класична гардероба. Сепак, сакате да додадете свој личен печат на комбинациите што ги носите.

Токму затоа никогаш не би се појавиле во провокативна венчаница што свети. Не можете да се замислите во венчаница, која ви ги стега градите, ви ја истенчува половината или ви ги нагласува колковите. Затоа широката венчаница, која лесно паѓа, е идеален избор за вас.

Водолија

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-vodolija

Вие, едноставно, не се вклопувате во пропишаните правила на модата, премногу сте поинакви и креативни. Љубител сте на трендовите, но не и на моделите што ги носи толпата.

Вашата венчаница е уникатна и единствена, па место долг фустан како секоја невеста, со задоволство би се решиле за краток модел со луксузна тантела.

Риби

venčanice-prema-horoskopskom-znaku-ribe

Вие сте слободна личност со весел дух, не сакате стеги и граници, а тоа важи и кога избирате гардероба. Романтичарки сте во душа, па затоа го негува нежниот отпуштен стил.

Токму затоа традиционалниот фустан не е добар избор. Тој ќе ве задуши. Место него, одберете романтичен модел со тантела и со долги ракави во бохо стил.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top