| четврток, 6 декември 2018 |

Во 13 сообраќајки во Скопје петмина повредени, санкционирани 73 пешаци

соо

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.

Од нив, девет се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден велосипедист, еден сопатник и еден пешак.

Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда. Сообраќајката се случила околу 19 часот и 40 минути на ул. „Ацо Шопов“ пред крстосницата со булеварот „Партизански одреди“ и ул. „Ѓорче Петров“ во која со тешка телесна повреда се здобил возач на мотоцикл.

Во текот на изминатите 24 часа од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 86 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 33 возачи го управувале возилото под дејство на алкохол, 18 лица го управувале возилото без возачка дозвола, како и 16 возачи кои го управувале возилото со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола. Санкционирани се и 73 пешаци кои сториле прекршоци по различни основи.

Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 126 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Александар Македонски со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Во сабота, на 3 октомври, во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 17:30 часот ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу РК Металург и РК Елверум, од Норвешка, а во недела, на 4 октомври, во СЦ „Јане Сандански“ во рамки на АБА лигата ќе се одигра кошаркарски натпревар помеѓу КК МЗТ Скопје и Металац Фармаком, од Србија. За време на одигрување на овие спортски натпревари од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување.

Во недела од 10 до 14 часот на плоштадот „Филип Втори“ Здружението за борба против рак на дојка „Борка“ ќе организира настан со цел испраќање порака за важноста на раната дијагноза и поддршка на пациентите како основен предуслов за победа на ракот на дојка. Во рамките на настанот вклучена е и прошетка на околу 1.500 учесници која ќе започне во 11:25 часот на плоштадот „Филип Втори“ и ќе се одвива по следната маршрута – од плоштадот „Филип Втори“ по улицата „Иљо Војвода“, десно кон ул. „Самоилова“, лево по истата, лево по ул. „Лазар Личеноски“, десно по бул. „Гоце Делчев“, преку мостот „Гоце Делчев“ полукружно на семафорите со бул. „Илинден“ и назад по булеварот „Гоце Делчев“, десно ул. „Иљо Војвода“ покрај комплексот на Музеи и повторно до плоштадот „Филип Втори“. За време на одржувањето на овој настан од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.

И по повод „Бела ноќ“ се очекува зголемен интензитет воопшто посебно во централното градско подрачје в сабота према недела поради што од страна на сообраќајната полиција ќе бидат зајакнати контролите во сообраќајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top