На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на планинскиот премин Пресека – село Врбјани, денеска, помеѓу 14:00 и 16:00 часот, сообраќајот ќе биде во прекин 15 до 20 минути.
Како што соопшти АМСМ, прекинот е поради изведување работи на пат (минирање).
АМСМ потсетува и дека сообраќајот на Скопската обиколница која беше затворена од вторникот, попладнево по 18 часот ќе биде нормализиран.
Затворањето на обиколницата е за потребите на снимањето на францускиот филм “A FOND”.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.