Тројца граѓани на Калифорнија поднеле тужби против компаниите на чоколадо „Херши“, „Марс“ и „Нестле“ поради лажно рекламирање, бидејќи не откриваат дека експлоатираат деца робови кои учестуваат во производството на чоколадата.
Без такво признание, компанијата ги лаже потрошувачите и ги наведува несвесно да поддржуваат робовска детска работна сила.
– Најголемите и најпрофитабилни американски конгломерати не би требало да толерираат работа на деца, уште помалку на деца рабови било каде во ланецот на набавка, пишува во тужбата.
Оваа тужба е нов пристап на стариот проблем, длабока, мрачна, но не толку многу скриена скандалозна тајна на индустријата на чоколадот. Пред 15 години се појавија првите обвинувањата околу искористување на детскиот труд кои предизвикаа без во американската јавност.
Во Западна Африка се наоѓаат две третини од насадите на какао во светот. Тоа е главната состојка на чоколадото околу која е создадена индустрија вредна 90 милијарди долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.